МАЈЛИ САЈРУС ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА! Инфекција почнала да ѝ ја „јаде“ ногата, органот ѝ СЕ РАСПАЃА!
МАЈЛИ САЈРУС ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА! Инфекција почнала да ѝ ја „јаде“ ногата, органот ѝ СЕ РАСПАЃА!
МАЈЛИ САЈРУС ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА!
Мајли Сајрус откри дека добила „брутална инфекција“ откако се тркала по холивудскиот Булевар на славните додека снимала сцена за својот нов филм кој го следи нејзиниот претстоен албум, Сометхинг Беаутифул.
Фото: Принтскрин: Yоутубе/Милеy Cyрус
Пејачката, добитничка на Греми, сподели за време на неодамнешното гостување кај Џими Кимел дека, поради ограничениот буџет за проектот, одлучила да снима на легендарната локација во текот на ноќта, бидејќи тогаш има помалку луѓе.
Сепак, за време на снимањето се „заразила со нешто“.
„Го снимив видеото во октомври, а веќе во ноември бев сместена на интензивна нега“, изјави Мајли Сајрус.
„Мојата нога почна да се распаѓа, инфекцијата буквално ми ја ‘јадеше’ кожата околу пределот на коленото“, рече таа за водителот Кимел. „А потоа докторот ме праша: ‘Дали имате некаква претстава зошто би имале толку брутална инфекција на коленото?’“
МАЈЛИ САЈРУС ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА!
Пејачката рече дека тогаш се сетила на своето тркалање по Булеварот на славните.
„Му го раскажав тоа на докторот, и тогаш хирургот ме погледна и рече: Гнасно’“, се присети Сајрус.
„Тие отвораат луѓе. Тие гледаат во човечките внатрешности, и пак, ме гледаат мене и ми велат дека сум одвратна“, изјави таа низ смеа.
Фото: Профимедиа
Нејзиниот визуелен албум ќе биде објавен на 12 јуни, кратко по излегувањето на нејзиниот деветти студиски албум, Сометхинг Беаутифул, кое е најавено за 30 мај. Новиот филм е опишан како „единствено визуелно искуство поттикнато од фантазија“ и „уникатна поп-опера“.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.