МАКЕДОНСКИТЕ КЛУБОВИ ПРЕД ЕВРОПСКИ ПРЕДИЗВИК!
МАКЕДОНСКИТЕ КЛУБОВИ ПРЕД ЕВРОПСКИ ПРЕДИЗВИК!
Македонските фудбалски екипи кои обезбедија пласман во квалификациите за Лигата на конференции ги дознаа своите потенцијални противници за втората рунда, по денешната жрепка што се одржа во Нион.
Вардар, кој го освои Купот на Македонија, ќе игра против швајцарската Лозана во втората рунда, но само ако претходно ја елиминира Ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс, кој ќе се соочи со црногорскиот Дечиќ во првото коло, ако биде поуспешен, ќе добие сериозен предизвик во облик на австрискиот Рапид Виена.
Работнички пак, ако ја совлада белоруската екипа Торпедо – Белаз, ќе се соочи со силниот израелски тим Макаби Хаифа.
Шкендија, актуелниот првак на Македонија, во случај да биде елиминирана во првото коло од Лигата на шампиони од велшкиот ТНС, ќе продолжи во Лигата на конференции, каде што ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу косовска Дрита и Диферданж од Луксембург.
Натпреварите од втората квалификациска рунда се закажани за 22 јули, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна. Македонските клубови имаат сериозни задачи пред себе, но и шанса за докажување на европската сцена.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!