Македонецот роден во авион на ЈАТ на 8000 м. надморска висина: Го крстија Јатко

ЈАТ повеќе не постои, но приказната за едно момче кое е родено на лет од Југославија до Австралија во 1978 година, ќе остане едно од најубавите спомени за „надморската височина“.

ФОТО/ЈУТИБ- printscreen
ПЕКОЛОТ НА ЏОЛИ: Како од холивудска бунтовничка стана жена во војна!
Марија Тодева се породи на 13 февруари 1978 година во авион на ЈАТ, а беше породена од членови на екипажот. Ножиците со кои се сечеше папочната врвца на бебето беа дезинфицирани со виски, на момчето му беше дадено името Јатко, а тој е веројатно единствениот Јатко во светот. Оваа вест ја пренесоа многу светски медиуми.

ФОТО/ЈУТИБ- printscreen
Мајката на Јатко имала 18 години и летала во осмиот месец од бременоста од Белград преку Сингапур до Сиднеј. Таму ја чекал нејзиниот сопруг Стојан, кој заминал во Австралија неколку месеци порано во потрага по подобар живот. Таа се породи два часа пред да слета, на 8.000 метри.

ФОТО/ЈУТИБ- printscreen
Авионот полетал со 106 патници, и слетал со 107. Јатко добил доживотен авионски билет, но не го користел. Се уште…

ФОТО/ЈУТИБ- printscreen
Јатко живее во Австралија, оќенет е и има три ќерки.

ФОТО/Фејсбук
Како место на раѓање му е впишана регистрацијата на авионот YU- AGI
ФОТО/ЈУТИБ- printscreen
БОНУС ВИДЕО:
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)