Маjката на Васил Jованов: „Премногу сме истоштени!“
Маjката на Васил Jованов: „Премногу сме истоштени од сите случувања!“
По бурните реакcии во jавноста околу случаjот со Васил Jованов, неговото семеjство одби да се поjави во медиумите.
Адвокатот Сашко Дуковски, коj е бранител на Jованов, го откажа своето гостување во подкастот „Претрес“ по барање на родителите.
„Сметаат дека е доволно кажано на прес-конференcиjата“, изjави адвокатот.
Водителот на подкастот, Кристиjан Ландов, обjави дека семеjството било покането да даде свое видување по коментарите дека Васил е „променет“ по пресудата за дрога, но повторно бил фатен како вози пиjан и без возачка дозвола.
Маjката на Jованов, Ана Jованова, се огласи со кратка изjава:
„Во овоj момент сме премногу истоштени од сите случувања на кои сведочите периодов, така што немаме сила и енергиjа за поjавување во jавност и дополнително распламтување на ниски страсти и гнев наоколу, барем засега.“
Семеjството на обвинетиот Васил Jованов, коj jа прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска одржа прес-конференcиjа на коjа jавно изрази сочувство до семеjството на жртвата. Заедно со бранителот на Jованов, адвокат Сашко Дуковски, тие зборуваа за околностите на трагичниот настан, нивното длабоко жалење и демантираа повеḱе тврдења кои изминативе денови кружат во jавноста.
Родителите истакнаа дека нивниот син, по претходната пресуда, не консумирал дрога и алкохол. Вечерта на несреḱата, по подолго време, се напил алкохол. Причината била отворањето на кафуле на негов приjател. Тврдат дека не му дале дозвола да го управува автомобилот без возачка дозвола и дека самиот го украл од нив. Воедно тие категорично негираа каква било поврзаност со судиjката Даниела Алексовска Стоjановска.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!