Лука ја запроси Анели на нејзиниот роденден – таа во шок, со солзи во очите рече „да“ (ФОТО)
Лука ја запроси Анели на нејзиниот роденден – таа во шок, со солзи во очите рече „да“ (ФОТО)
ФОТО: Instagram принтсcреен/yт:задруга/Илустраcиjа
Лука Вујовиќ ја запроси својата партнерка Анели Ахмиќ за време на нејзината роденденска прослава, а среќната вест со јавноста ја сподели нивната пријателка и ријалити цимерка, Милица Величковиќ.
Фото: Антонио Алел/АТА имиџис
Во моментот кога атмосферата беше на врвот, Лука неочекувано ја одведе Анели надвор, каде небото го осветлија светилки и огномет. Пред нивните блиски, пријатели и гости од ријалити шоуто, тој клекна и го постави прашањето што многумина го очекуваа со месеци.
Фото/ Инстаграм
Анели, видно потресена и изненадена, со солзи во очите го изговори судбоносното „да“, што предизвика громогласен аплауз и еуфорија меѓу присутните.
Љубовната приказна на парот започна пред камерите на ријалити програмата, а вечерта доби нова, емотивна пресвртница. По сите предизвици и страсти што ги минаа заедно, Лука и Анели покажаа дека нивната врска е силна и искрена, и надвор од телевизиските екрани.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.