Луис Суарез ќе го напушти Интер Мајами по крајот на сезоната!
Луис Суарез ќе го напушти Интер Мајами по крајот на сезоната!
фото:спорт.мк
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами по истекот на неговиот договор оваа година. 38-годишниот ветеран, кој се приклучи на клубот од МЛС во јануари 2024, има 62 настапи и 34 постигнати гола за тимот, но неговата иднина е неизвесна.
Суарез сега се соочува со две опции – да се врати во својата родна Уругвај или да ја стави точка на својата богата фудбалска кариера. Договорот на другата голема ѕвезда на Интер Мајами, Лионел Меси, исто така истекува на крајот на годината, но се очекува дека страните веќе преговараат за продолжување на соработката.
Со ова, Интер Мајами се подготвува за нови предизвици и можни промени во тимската поставеност за наредната сезона.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!