ЛУБЕНИЦА И ФЕТА ВО ЛЕТНА КОМБИНАЦИЈА?! Освежувачка салата што ќе ве освои!
ЛУБЕНИЦА И ФЕТА ВО ЛЕТНА КОМБИНАЦИЈА?! Освежувачка салата што ќе ве освои!
пхото: Пиxабаy
Дали барате лесен и освежувачки оброк што совршено ги комбинира слаткото, соленото и крцкавото? Оваа салата од лубеница, фета сирење, краставци и нане со додаток на јаткасти плодови е совршен избор за топлите летни денови!
Брза и едноставна за подготовка, идеална е како лесен оброк или освежувачки прилог.
Состојки (за 4 лица):
-
300 г лубеница
-
2 краставци
-
200 г фета сирење
-
10 г бадеми
-
10 г ореви
-
1 чили пиперка
-
Свеж нане по вкус
-
Маслиново масло екстра девичанско
-
Сол и бибер по вкус
Подготовка:
-
Исечете ја лубеницата на коцки со големина за залак.
-
Измијте ги краставците и исечете ги на коцки или кругови.
-
Фета сирењето измачкајте го со раце или исечете го на коцки.
-
Грубо исечкајте ги бадемите и оревите, а чили пиперката ситно исечкајте ја, отстранувајќи ги семките ако не сакате премногу лута.
-
Сите состојки внимателно измешајте ги во голема чинија.
-
Додадете свеж нане и зачинете со маслиново масло, сол и бибер по вкус.
-
Лесно промешајте и послужете веднаш додека салатата е свежа и ладна.
Уживајте во совршеното летно освежување што ќе ве освои.
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!