„ЉУБОВТА ПРЕД СÈ, А СО ТОА И УСПЕХОТ!“ – МУДРИТЕ ЗБОРОВИ НА САША МИРКОВИЌ: „БИДЕТЕ ПРИЈАТЕЛИ, ШИРЕТЕ ПРИЈАТЕЛСТВО НА СИТЕ СТРАНИ!“ (ВИДЕО)
„ЉУБОВТА ПРЕД СÈ, А СО ТОА И УСПЕХОТ!“ – МУДРИТЕ ЗБОРОВИ НА САША МИРКОВИЌ: „БИДЕТЕ ПРИЈАТЕЛИ, ШИРЕТЕ ПРИЈАТЕЛСТВО НА СИТЕ СТРАНИ!“ (ВИДЕО)
Саша Мирковиќ, сопственик и директор на Hype продукција, често ѝ се обраќа на својата публика преку својот ТикТок профил, споделувајќи интересни детали како од својот живот, така и од животот на познати личности од домашната јавна сцена.
Фотографија: Hype ТВ / СхоwБЛИЗ / Саша Мирковиќ
Во своето синоќешно обраќање, Мирковиќ се претстави во улога на вистински мотивациски говорник, зборувајќи за тоа како успеал да изгради империја од Hype продукција, притоа нагласувајќи дека без љубов и пријателство – нема ниту успех.
„Љубовта пред сè, а со тоа и успехот!“ – порача Мирковиќ, додавајќи:
„Погледнете сè што се случуваше во изминатиот период и како всушност ги градевме нашите кариери. Од сопствено искуство можам да ви кажам дека мојата кариера не е изградена со прескокнување на три скалила. Таа не е изградена така што сум газел по некого, го навредувал или малтретирал. Туку чекорев скалило по скалило – од лепење плакати, иако имав завршен факултет, па понатаму. Поминав низ сите фази и не дозволувам никој да го руши мојот труд, мојот интегритет, мојата работа. Немојте ни вие тоа да го дозволите. Верувајте во себе, верувајте во вашите родители, во вашите браќа и сестри, во вашите пријатели – и градете ги тие односи што повеќе.“
Мирковиќ понатаму нагласи:
„Без оглед на бојата на кожата, верата или националноста – бидете пријатели. Ширете пријателство на сите страни, бидејќи само така можете да успеете во животот. Со омраза – никогаш. Само со љубов. Љубовта е над сè, љубовта е пред сè. А кога ја имате љубовта – и кога ја сакате својата работа – успехот ви е загарантиран.“
ЦЕЛОСНОТО ОБРАЌАЊЕ НА САША МИРКОВИЌ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ВИДЕОТО:
@сасамирковиcоффиcиал Уз лагану шетњу разговарам са вама! ❤️ #сасамирковиc
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.