Љубовна холивудска бајка: Синот на Еди Марфи и ќерката на Мартин Лоренс се венчаа во тајност!
Љубовна холивудска бајка: Синот на Еди Марфи и ќерката на Мартин Лоренс се венчаа во тајност!
фото:принтскрин/абц
Холивудската дружба сега стана уште поблиска – синот на легендарниот комичар Еди Марфи, Ерик, и ќерката на неговиот долгогодишен пријател Мартин Лоренс, Јасмин, го кажаа судбоносното „Да“ во интимна и тајна церемонија.
Свадбата се одржа пред две недели, само со присуство на свештеник, без гости, што изненади многумина поради тоа што сите очекуваа голема холивудска журка. Еди Марфи откри за „Шоуто на Џенифер Хадсон“ дека двојката сакала да го сподели овој момент само меѓу себе, а се пошегува дека Мартин сега ќе си го задржи паричникот за свадбата.
Парот се верил во ноември 2024 година, а нивната љубовна приказна започна благодарение на семејни врски – Јасмин и Ерик не се запознале преку своите славни татковци, туку преку нејзиниот чичко.
Љубовна холивудска бајка: Синот на Еди Марфи и ќерката на Мартин Лоренс се венчаа во тајност!
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!