ЛЕПА ЛУКИЌ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА НА СВОЈАТА ДОЛГОВЕЧНОСТ!
ЛЕПА ЛУКИЌ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА НА СВОЈАТА ДОЛГОВЕЧНОСТ!
ЛЕПА ЛУКИЌ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА… Никогаш немала температура – на овој начин го зајакнува имунолошкиот систем…
Познатата пејачка на народна музика, Лепа Лукиќ, гордо ги носи своите 85 години, а за нејзината добра здравствена состојба и младолик изглед се заслужни нејзиниот ведар дух, силен имунитет и генетиката што ја наследила од мајка ѝ.

Високата телесна температура за Лепа Лукиќ е непознат поим, бидејќи, според нејзините зборови, никогаш не ја доживеала – благодарение на нејзиниот силен имунолошки систем.
Лепа Лукиќ нагласува дека е горда на своите години, а дека тајната на нејзиниот изглед се крие во позитивниот дух, кој го негува и во позни години.
Рецептот на Лепа Лукиќ за долг живот не се однесува само на храната
– Не сум жена што сака да биде врзана само за домот и да го поминува времето затворена. По природа сум немирна, и така е со годините. Ништо не ми е тешко и сè сакам да пробам и да направам – истакна пејачката Лепа Лукиќ, и додаде:
– Секогаш кога сум настинала или имала некоја мака со здравјето, тоа трае еден ден и веќе наредниот сум како нова. Ако ми верувате, никогаш во животот не сум имала температура, се родив со температура од 36 степени и така е целиот живот до ден денешен – откри легендата на народната музика.
Најмногу сака да јаде природна храна и јадења со лажица, а признава дека не е љубител на месо и слатки.
– Не сакам тешка храна, сакам сè да ми биде природно. Слободно можам да кажам дека сакам само јадења со лажица. Роштиљ не ставам во уста. Не е дека никогаш не јадам месо, знае да се случи, но не сум голем љубител. Исто така, не сакам да готвам, но секогаш си нарачувам нешто. Сакам суви, домашни колачи, а кога станува збор за торти – не сум љубител. Во главно, не јадам многу благо и не се прејадувам во ниту еден поглед – откри Лепа Лукиќ.
Лепа Лукиќ ја откри тајната на својата долговечност!
Лепа вели дека имала различни здравствени интервенции, но никогаш естетски, и дека за нејзиниот изглед е заслужна генетиката.
– Мајка ми никогаш немаше многу брчки и имаше чисто лице. И кај мене е исто така. Не одам кај козметичар. Користам козметика од Америка, која ми доаѓа на домашна адреса. Да, скапа е, но е најдобра. Научена сум еднаш неделно да си правам маска и третман кој најмногу ми одговара. Но, да немав добра генетика, ниедна крема на светот не би можела да ги сокрие брчките. Освен тоа, сакам убаво да стареам и гордо да ги носам своите години – изјави Лепа Лукиќ.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.