Легендите се вратија: Бред Пит и Том Круз во иста сцена по 24 години – и изгледаат подобро од кога било!
Легендите се вратија: Бред Пит и Том Круз во иста сцена по 24 години – и изгледаат подобро од кога било!
Публиката во Лондон остана без здив кога Бред Пит (61) и Том Круз (62) се појавија заедно на црвениот тепих на премиерата на филмот Ф1! Двајцата холивудски гиганти, чии имиња се синоним за златната ера на 90-тите, првпат по 24 години се најдоа рамо до рамо на јавен настан – и тоа во стил кој никого не остави рамнодушен.
принтскрин/инстаграрм/пеопле
Срдечната прегратка меѓу двајцата актери и нивната искрена радост од повторната средба предизвикаа силни аплаузи. Коментарите не изостанаа – многумина ова го нарекоа „вистинско холивудско братство“.
Бред Пит привлече внимание со смело зелено дворедно одело и портокалови очила за сонце. Неговата нова фризура уште еднаш ја потврди титулата на вечен секс-симбол.
Том Круз, пак, остана доследен на својот класичен изглед. Носеше темно сиво одело и препознатливи авијатичарски очила, со што уште еднаш ја покажа својата едноставна, но впечатлива харизма.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Средбата на Бред Пит и Том Круз, ѕвезди од „Интервју со вампир“, ги врати фановите во времето кога Холивуд имаше посебна магија. Тоа беше ера кога машката харизма беше доминантна и неспорна.
Судејќи по реакциите на социјалните мрежи, публиката со воодушевување го прифати повторното појавување на ова легендарно дуо. Многумина би сакале повторно да ги видат заедно – но овојпат на филмско платно, со нова приказна и нова динамика.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!