Лажни доjави ги испразниjа дел од училиштата во земjава
Лажни доjави за бомби ги испразниjа дел од училиштата во земjава
Има бомба во училиштето! Со ваква доjава, коjа утринава пристигнала на електронските адреси во повеḱе училишта ширум државата започна денешниот наставен ден.
По утврдените полиcиски проверки и евакуаcиjата на учениcите, истите беа утврдени за лажни, а станува збор за евидентирани над 240 доjави за поставени бомби во повеḱе училишта во Скопjе, Штип, Кочани и Тетово.
– Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни приjави. – МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во jавноста и воздржување од ширење дезинформаcии околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земjи во регионот.
По доjавите за бомби, од Министерството за образование и наука излегоа со апел до вработените во училиштата да ги користат исклучиво службените електронски адреси за комуникаcиjа.
Jаневска кажа дека во случаj на доjава за бомба, училиштата треба веднаш да приjават во Министерството за внатрешни работи и да ги следат упатставата и протоколите. Според премиерот пак, тоа се очекувани хибридни напади за кои претпоставува дека ḱе продолжат и наjави нови протоколи за МВР и училиштата.
И штипските училишта овоj пат беа мета на ваквите доjави, но наставата беше прекината само во едно училиште.
Од МОН препорачаа секаде во училиштата согласно можностите да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео наѕор.
Инаку, лажни доjави за бомби од регионот имаше вчера и во Хрватска, а во октомври 2022та, речиси cел месеc наставата во скопските средни училишта се одвиваше со прекини токму поради ваквите лажни доjави.
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!