СЛАТКАР, ТОНИ ЗЕН, ИГОР ЏАМБАЗОВ И МНОГУ ДРУГИ ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ СО СИЛНА ПОДДРШКА НА ЛАЗАРОВ АВАРДС!
СЛАТКАР, ТОНИ ЗЕН, ИГОР ЏАМБАЗОВ И МНОГУ ДРУГИ ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ СО СИЛНА ПОДДРШКА НА ЛАЗАРОВ АВАРДС!
фото/ Хајп тв
Скопје, 18 јуни — Со црвен тепих, преполн простор и аплаузи што не стивнуваа, дигиталниот креатор Лазаров го прослави големиот јубилеј – пет години постоење на неговиот YоуТубе канал, кој денес е симбол за квалитетна содржина, искреност и влијание врз новата генерација.
Настанот, одржан во еден од најпрестижните простори во главниот град, привлече медиумско внимание и гости од различни сфери. Меѓу присутните беа легендата на македонската новинарска сцена Мики Секуловски, познатиот ТВ водител и уредник Димитар Атанасовски, еден од најомилените актери Игор Џамбазов, поп-иконата Елена Ристеска, музичките ѕвезди Слаткаристика и Тозни Зен, како и бројни други поддржувачи и пријатели.
Меѓу нив беа и креативците и јавните личности: Тара Симов, Ивона Јо, Ненад Сигнори, Бобанцо, Ташко и жена му, Марта, Исидора, Мандар, Мобеликс, Снеже Велков, Зонде Фото, Марко Индиго Таттоо, Марио Арангелевски, Атанас и Тино, Кочанската екипа, Иван Јованов, Стефан Комичарот, Паки Грам, како и сестрата на Лазаров.
Настанот не беше само прослава, туку и потсетник на патот кој Лазаров го изоди во последните пет години – од првите видеа со неколку прегледи, до интервјуа што предизвикуваат дискусии низ целата држава и надвор од неа. Со својот оригинален стил, отворен пристап и продукциски квалитет, Лазаров денес претставува модел за новата ера на медиум.
Со емотивна атмосфера, музички настапи и видео-компилации од највпечатливите моменти на каналот, прославата заврши со најава за нови проекти и уште поголеми планови.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Д.Н.