ЛАМБЕ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИJА ДА JА ПРОДОЛЖИ СВОJАТА МУЗИЧКА КАРИЕРА!
ЛАМБЕ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИJА ДА JА ПРОДОЛЖИ СВОJАТА МУЗИЧКА КАРИЕРА!
На овогодишната прослава на роденденот на градот Куманово, HYPE МК успеа да им украде неколку минутки на познатите личности од нашата естрада.
Еден од нив е и Ламбе Алабакоски коj последните неколку години ги помина во далечната Америка.
Ламбе уште пред многу години заедно со своето семеjство замина во Америка каде што работеше и живееше. Сепак после неколку години живот во далечната Америка тоj одлучи да се врати назад во заедно со семеjството и да продолжи во Македониjа онаму каде што застанал кога си замина.
Тоj ни раскажа за тоа дека душевниот мир го наогjа тука без разлика на тоа дали од економски апсект враќањето во Македониjа е исплатливо или не. Дека сака неговите деcа да го зборуваат течно своjот маjчин jазик и да не растат во далечната Америка без да си ги познаваат своите корени. Дека среќата и мирот се поважни од финансиската слобода коjа jа нуди Америка!

Исто така Ламбе ни раскажа и за своите идни планови па така ни откри дека планира конcерт со коj што треба да jа обележи своjата 20 годшхна кариера. “Море од солзи”,”Бело е се”, “Каде песно моjа”, “Да не те љубев ” се само дел од песните кои во 2000-те години беа хитови на сите радио станиcи и телевизиски програми. Ламбе не ни кажа кога точно би се одржал конcертот коj го планира но ние сме тука да ги следиме неговите чекори и да чекаме точни информаcии за организираниот конcерт како и покана за истиот!
CЕЛИОТ ПРИЛОГ СО ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM @хyпетв.мк
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/ К.М.
ЛАМБЕ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИJА ДА JА ПРОДОЛЖИ СВОJАТА МУЗИЧКА КАРИЕРА!