ЛАБУБУ – КУКЛАТА ШТО ГО ПОЛУДИ СВЕТОТ! КИНЕСКИОТ ПРЕТПРИЕМАЧ СЕ ЗБОГАТИ СО СВОЈАТА КРЕАЦИЈА – ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ЗАРАБОТИЛ!
ЛАБУБУ – КУКЛАТА ШТО ГО ПОЛУДИ СВЕТОТ! КИНЕСКИОТ ПРЕТПРИЕМАЧ СЕ ЗБОГАТИ СО СВОЈАТА КРЕАЦИЈА – ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ЗАРАБОТИЛ!
Но Лабубу, необична, зајаколика фигура со малку застрашувачка насмевка, токму тоа и го постигна. Од нешто што порано беше резервирано само за обожавателите на азиската поп култура, денес прерасна во глобален феномен благодарение на една објава – и тоа не од било кој.
Cредит лине: Винcензо Иззо / Аламy / Профимедиа
Лиса, ѕвезда на светски познатата К-поп група БЛАCКПИНК, објави фотографија со Лабубу фигурата, што предизвика ланец реакции на социјалните мрежи и апликации за трговија. Веќе следниот ден, апликацијата на компанијата Поп Март, која стои зад оваа играчка, се искачи на врвот на листата во Апп Сторе во САД.
Во исто време, Ванг Нинг, основачот на Поп Март, стана побогат за 1,6 милијарди долари за само 24 часа.
Cредит лине: АНП, АНП / Аламy / Профимедиа
Лабубу фигурите се продаваат во т.н. „слепи кутии“ по цена од 22 долари, но најредките примероци достигнуваат и повеќе од 400 долари на пазарот на колекционери. Побарувачката е толку голема што сериите се распродаваат за само неколку минути, а онлајн заедниците постојано разменуваат, купуваат и продаваат за да ги комплетираат своите колекции.
Поп Март веќе со години е позната компанија во Азија, но токму оваа играчка, во комбинација со влијанието на Лиса, ги отвори вратите кон американскиот и европскиот пазар. Сето тоа покажува колку современите потрошувачи реагираат на автентични препораки од инфлуенсери и колку забавата – кога е добро спакувана – може да биде сериозен бизнис.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.