Куќичка на Цеца продолжува да смрди?! Соседите се бесни и понатаму: „Шумот можеме да го преживееме, но смрдеата никако“!
Куќичка на Цеца продолжува да смрди?! Соседите се бесни и понатаму: „Шумот можеме да го преживееме, но смрдеата никако“!
Куќата на Цеца Ражнатовиќ (која ја добила од Аркан) на Дедиње во овие денови е цел на негативни коментари поради смрдливоста која, како што се тврди, и понатаму се шири од таму.
Фото: Антонио Ахел/АТАИмагес
По тоа што пејачката демантираше пишувања на медиумите, во што никој не поверува, таа повика мајстори да го решат проблемот. Водата се лиеше низ тротоарот и создаваше непријатен мирис, а се чини дека ситуацијата и понатаму е иста. Нејзините соседи повторно се жалат.
СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА: „НИТУ СУМ ЈА ВИДЕЛ, НИТУ СУМ ЈА СЛУШНАЛ ЕЛЕНА РИСТЕСКА ПОСЛЕ ПОМИРУВАЊЕТО!“ (ВИДЕО)
„Ве молам, дојдете и фотографирајте го ѕидот на вилата на ‘српската мајка’. Мислевме дека проблемот ќе биде решен кога беа овде мајстори, но смрдливоста е уште посилна. На едно место истекувањето на водата е санирано, но се појави на друго место, кое и понатаму е влажно. Сепак, тука не е крајот. Сега вода протекува и од климата и се излева на тротоарот. Води насекаде. Полудеавме од овој смрад, ова стана навистина неподносливо. За викенд беше пекол, скоро 40 степени, што да кажам. Само што не паднавме во несвест. Цеца се обиде да го реши проблемот, тоа не е спорно, но очигледно се работи за поголем квар и тоа многу сериозен. Ве молам некој да ни помогне и некој од надлежните да реагира“, изјави еден од соседите.
Фото: Антонио Ахел/АТАИмагес
„МОНО АЛЕКС СО ФЕРАРИ ПО ВОДА: ДАЛИ ГО НАУЧИ АВТОМОБИЛОТ ДА ПЛИВА?“ (ФОТО)
Како што пишува „Курир“, на камениот ѕид на куќата сè уште е присутна огромна дамка, а од климата вода се лие на тротоарот.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.