КРВАВА ТЕПАЧКА ВО БОЛНИЦАТА БАРДОВЦИ – ОСУДЕН ЗА УБИСТВО СМРТНО ПРЕТЕПА ПАЦИЕНТ СО СТАКЛЕНО ШИШЕ!
КРВАВА ТЕПАЧКА ВО БОЛНИЦАТА БАРДОВЦИ – ОСУДЕН ЗА УБИСТВО СМРТНО ПРЕТЕПА ПАЦИЕНТ СО СТАКЛЕНО ШИШЕ!
Тешка трагедија се случи во Психијатриската болница „Бардовци“, каде што доцна синоќа една обична караница меѓу двајца пациенти заврши со смрт.
Фото/пбскопjе.орг.мк
Инцидентот се случил во судскиот оддел од болницата, каде што се лекуваат лица со изречена судска мерка за задолжително лекување и чување. Според информациите, пресметката ескалирала кога 35-годишниот пациент, осуден за убиство, го нападнал 62-годишниот цимер со стаклено шише, удирајќи го повеќепати по главата и телото.
КРВАВА ТЕПАЧКА ВО БОЛНИЦАТА БАРДОВЦИ!
Од ударите, повозрасниот пациент паднал во бесознание. Дежурниот медицински персонал веднаш повикал Итна медицинска помош, која го пренела повредениот во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. И покрај обидите за реанимација, лекарите само ја констатирале смртта, која настапила околу 02:20 часот по полноќ.
Полицијата веднаш извршила увид на местото на настанот.
„На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот, во Психијатриската болница Скопје – Бардовци, дошло до физичка пресметка меѓу осудените Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од с. Љубанци, скопско. По нападот со стаклено шише, И.Т. изгубил свест и бил префрлен во болница, каде што подоцна починал“, информираат од МВР.
Телото на починатиот е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител. Насилниот пациент, кој издржува казна за убиство, останува под постојан полициски надзор, а по целосно расветлување на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.
Од Психијатриската болница Бардовци соопштија дека напаѓачот бил сместен на одделот за лекување на осудени лица, под полициски надзор, по усна наредба на дежурен јавен обвинител.
Стручната јавност повторно алармира – потребен е засилен и строг безбедносен надзор за лицата кои издржуваат казна за тешки кривични дела, дури и кога се на лекување. Иако вакви инциденти се тешко предвидливи, тие може да бидат спречени со постојано следење и адекватен надзор.
Поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој своевремено направи ненајавени посети во психијатриските установи и затворите низ земјава, во својот извештај предупреди на сериозни недостатоци: лоша хигиена, случаи на насилство, како и несоодветен третман на психијатриските пациенти.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.