Кристина не може да се омажи за Кристијан поради неговата поранешна сопруга!
Кристина не може да се омажи за Кристијан поради неговата поранешна сопруга!
Кристина не може да се омажи за Кристијан!
Кристина Спалевиќ откри дека таа и Кристијан Голубовиќ ќе застанат на „лудиот камен“ штом тој ја напушти реалити-програмата, бидејќи досега не можеле да се венчаат црковно поради тоа што Кристијан сè уште не е разведен црковно од својата поранешна сопруга.
Пхото: Принтсcреен Инстаграм/кристина_спалевиc
Додека Кристијан престојува во реалити-шоуто, неговата невенчана партнерка, со која има два сина, проговори за неговото учество и за плановите кои ги имаат по неговото излегување од шоуто.
Иако на почетокот му забележала некои работи, Кристина вели дека сега е презадоволна од начинот на кој тој се претставува пред јавноста:
Пхото: Принтсcреен Инстаграм/кристина_спалевиc
– Единствено што му замерувам е тоа што нема такт, што – за разлика од другите – не внимава што ќе каже, а треба, бидејќи во реалити секој збор се мери, и во некои моменти се претставува себеси како некој што не е. Но, јас сум презадоволна од тоа колку е способен и вреден – таков е и дома. Сè што покажа таму е вистина. Тој е несебичен, секогаш подготвен да помогне, има свои грешки, но тие се минорни во споредба со она што го покажа – изјави Кристина.

Таа објасни и зошто Кристијан сè уште не е разведен од претходната сопруга:
– Кристијан е венчан со неа само во црква, и тоа во Германија. Тоа е комплицирана процедура. Прво треба да се добие извод од книгата на венчани од Германија, па да се донесе тука. Потоа треба да се контактира нашата Патријаршија или како и да оди процесот. Прво треба да одиме во нашата црква и да го образложиме целиот случај. Тие двајца не се венчани граѓански, па немало никаква правна компликација на таа основа.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.