КРИСТИНА ДИМИТРИ СЕ ЗАКАНУВА СО ПИШТОЛ?! НОВИОТ ДЕЧКО Е ВО ТЕСНО ПОСЛЕ ОВИЕ ЗБОРОВИ НА АТРАКТИВНАТА ПЕЈАЧКА! (ФОТО)
КРИСТИНА ДИМИТРИ СЕ ЗАКАНУВА СО ПИШТОЛ?! НОВИОТ ДЕЧКО Е ВО ТЕСНО ПОСЛЕ ОВИЕ ЗБОРОВИ НА АТРАКТИВНАТА ПЕЈАЧКА! (ФОТО)
КРИСТИНА ДИМИТРИ СЕ ЗАКАНУВА СО ПИШТОЛ?!
Атрактивната пејачка Кристина Димитри повторно ја крена прашината на социјалните мрежи со нова сторија на Инстаграм, која очигледно содржи провокативна порака упатена до нејзиниот нов дечко.
Фото: ХYПЕ МК
На видеото, кое таа го сподели од песна на познатиот Аца Лукас, стои натписот: „Једини начин да раскинемо:“
Фото/принскрин/Инстаграм/кристина.димитрy
Во првата сцена се појавува маж со сериозен израз на лицето, а во втората – жена која држи пиштол, со истата реченица. Пејачката ова видео го означи со: „@љубомирнкисиc Јутрч“, што дополнително ја распали јавноста и отвори прашања околу нејзиниот љубовен живот.
Имено, Кристина во последно време често го тагнува новиот дечко во своите приказни, но „тагот“ секогаш е скриен – очигледно сака да покаже дека е во врска, но вешто го крие неговиот идентитет од јавноста.
Фото/принскрин/Инстаграм/кристина.димитрy
Овој тип на објави, каде преку песна и видео-пораки се испраќаат индиректни љубовни (или заканувачки) пораки, веќе стана секојдневие кај јавните личности. Но, кога тоа го прави некоја како Кристина Димитри, која веќе одамна не е непознато лице во естрадата, секогаш предизвикува интерес и лавина од реакции.
Дали станува збор за хумор, сарказам или навистина мала љубовна драма – останува да видиме. Едно е сигурно: Кристина знае како да го задржи вниманието!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.