Кристиjан Демjански порачува „Jас морам да се борам“!
Кристиjан Демjански порачува „Jас морам да се борам“!
Принтсcреен / Yоутубе
Кристиjан Демjански е новото музичко име кое jа освоjува македонската сcена. Почнуваjḱи од своjот прв настап на детскиот фестивал во Берово, па сè до освоjувањето на музичкото шоу „Пат до ѕвездите“.
Кристиjан е пример за тоа како упорноста, талентот и страста се клучни за успех во музичката индустриjа.
Во 2023 година, Кристиjан го круниса своjот успех стануваjḱи првиот победник на шоуто „Пат до ѕвездите“. Како дел од наградата, тоj сними три песни, а неговиот прв сингл „Jас морам да се борам“ стана вистински хит веднаш по обjавувањето. Песната е резултат на соработката со реномираниот композитор и аранжер Мите Стоилков и текстописеcот Огнен Неделковски. Снимањето на спотот се одвиваше во еден луксузен хотел.
„Jас морам да се борам“ е љубовна балада коjа преку своjата емотивна мелодиjа и инспиративна порака ги освои срcата на македонската публика. Фановите брзо го прифатиjа Кристиjан како нова музичка ѕвезда, благодарение на неговиот уникатен стил и впечатливи вокални способности. Песната стана симбол на новиот бран квалитетна македонска музика, коjа допира до срcата на слушателите.
„Секоj нов проект за мене е нова авантура“, изjави Кристиjан. „Со голема страст, љубов и храброст продолжувам да jа освоjувам музичката сcена. Љубовта кон музиката и упорноста се основата на моjот успех – и верувам дека тие ḱе ме водат до нови и поголеми успеси“.
Кристиjан Демjански е посветен да продолжи да создава музика коjа инспирира и радува, ветуваjḱи дека неговата кариера е само на почетокот на големите успеси.
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!