Кристијано Роналдо се прости од Диого Жота и неговиот брат: „На сите ќе ни недостигате“
Кристијано Роналдо се прости од Диого Жота и неговиот брат: „На сите ќе ни недостигате“
Фудбалскиот ас Кристијано Роналдо испрати емотивна порака по трагичната смрт на својот соиграч од португалската репрезентација, Диого Жота, и неговиот брат Андре, кои загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија.
„Нема никаква смисла. Токму сега бевме заедно во националниот тим, токму сега ти влезе во брак. На твоето семејство, на твојата сопруга и деца, им испраќам сочувство и им посакувам сета сила на светот. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир Диого и Андре. На сите ќе ни недостигате“, напиша Роналдо, изразувајќи длабока болка и солидарност кон семејството и пријателите.
Оваа трагедија ја потресе фудбалската јавност и остави неизбришлив белег во срцата на сите кои го познаваа Диого Жота и неговиот брат.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!