КРИС ЏЕНЕР СО ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ГОДИНАТА! Лице без брчки и тело од соништата! (ФОТО)
КРИС ЏЕНЕР СО ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ГОДИНАТА! Лице без брчки и тело од соништата! (ФОТО)
Во својата 69-та година, Крис Џенер се појави со целосно освежен изглед кој предизвика вистинска врева на социјалните мрежи и во медиумите. Лидерката на славната Кардашијан–Џенер династија, Крис Џенер, покажа во Париз дека годините се само бројка на хартија.

Наместо нејзината препознатлива кратка фризура, Крис овојпат се појави со потемнета микардо варијанта со шишки што нежно го уоквируваат лицето, а нејзиниот изглед делуваше како да е „ресетиран“. Според инсајдерски информации, лифтингот на лицето, кој чинел околу сто илјади долари, направил нејзината кожа да изгледа затегнато, свежо и речиси десет години помладо.
КРИС ЏЕНЕР СО ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ГОДИНАТА!
На една од престижните париски вечери, се појави во елегантен црн фустан со крагна украсена со кристали, а во рака носеше чанта од брендот Хермèс. Педикирот во телесна нијанса, дискретниот сјај на усните, темната моливче за очи и нежната руменило уште повеќе ја потенцираа новата верзија на Крис Џенер – онаа што не сака да старее во тишина.
Cредит лине: CYРИЛ ПЕCQУЕНАРД / Сипа Пресс / Профимедиа
Но тоа не е сè. Забележливо е и дека значително ослабела. Фановите со недели коментираат дека изгледа послабо од кога било, а неименуван извор близок до семејството открива дека Крис сега носи конфекциски број 36.
Се зборува и дека, како и многу славни личности во последно време, можеби користела лек познат по неговото влијание врз намалување на апетитот и губење на телесна тежина.
Лице без брчки и тело од соништата!
Нејзиниот стил, според гласините, целосно е променет. Нема повеќе криење зад класични кроеви – сега се тука фустани што го истакнуваат струкот, елегантни комбинезони и парчиња што потсетуваат дека Крис Џенер не прифаќа стареење без борба.
Оваа трансформација не е само естетска. Крис јасно порача дека годините не мора да бидат ограничување – туку можност за освежување, преобразба и повторно блескање, со или без помош на естетската медицина.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.