Криминал што ја шокираше нацијата: Судот го одложи судењето за убиството на Вања и Панче – Палчо и останатите на обвинителна клупа на 9 јуни!
Криминал што ја шокираше нацијата: Судот го одложи судењето за убиството на Вања и Панче – Палчо и останатите на обвинителна клупа на 9 јуни!
На барање на јавниот обвинител, главното судење за едно од најшокантните злосторства во поновата македонска историја – двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски – е презакажано за 9 јуни.
фото:360.мк
Првообвинет во овој монструозен случај е контроверзниот Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Судењето, кое требаше да продолжи на 2 јуни, е одложено поради „обемноста на предметот и потребата за соодветна подготовка на завршните зборови“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
На минатото рочиште заврши доказната постапка, а беа изведени и дополнителни докази предложени од дел од одбраната. Палевски, пак, се обиде да оспори видео-снимки доставени од Обвинителството, тврдејќи дека времето на снимките не е реално – иако снимките се веќе вештачени и потврдени од МВР Форензика.
Според обвинението, групата организирано го грабнала Панче Жежовски за да дојде до возило кое ќе го искористат за киднапирање на Вања. Целта: да изнудат откуп од семејството. Но планот заврши трагично – и двајцата беа пронајдени мртви на 3 декември 2023 година.
Судењето продолжува на 9 јуни во 10:00 часот, а јавноста и медиумите со нетрпение го очекуваат епилогот на случајот што ја потресе цела држава.
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!