Кралицата Летиција повторно плени: Смел фустан и беспрекорен стил на приемот во Севиља!
Кралицата Летиција повторно плени: Смел фустан и беспрекорен стил на приемот во Севиља!
Шпанската кралица Летиција уште еднаш ја потврди својата титула како една од најдобро облечените жени во Европа на свечениот прием во Севиља, организиран по повод 4-тата Меѓународна конференција на ОН за финансирање на развојот.
фото:скyнеwс
Познатата икона на стил блесна во смела и елегантна комбинација од сина и златна боја, каде фустанот со А-крој и дискретно посмело деколте го нагласи нејзиниот беспрекорен вкус. Синиот фустан беше украсен со деликатни златни конци инспирирани од цветови, додека златните ниски штикли го заокружија целиот изглед.
фото:скyнеwс
Иако кралските правила бараат строга етикета, Летиција покажува дека е можно да се биде елегантен и модерен без компромис. Таа останува неприкосновена во светот на високата мода, каде како единствена ривалка се издвојува Кејт Мидлтон.
Со оваа појава, кралицата уште еднаш покажа дека за неа нема пречки кога ќе се облече за посебни пригоди, оставајќи моден белег кој долго ќе се памети.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!