Крај на дивеењето по улиците: Ќе се одземаат возила на несовесните возачи од 1 јануари 2026!
Крај на дивеењето по улиците: Ќе се одземаат возила на несовесните возачи од 1 јануари 2026!
фото:лидер мк
Нова ера на сообраќајна дисциплина започнува од 1 јануари 2026 година! Министерството за внатрешни работи најави воведување на построги мерки против несовесните возачи, а една од најстрогите санкции ќе биде – конфискација на возилото.
фото:принтскрин/мвр
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција истакна дека од новата година, сите што ќе возат безобзирно и ќе ги прекршуваат сообраќајните правила, може да останат без своето возило – засекогаш.
„Доста беше анархија на патиштата. Време е да воведеме ред. Ќе има нови, поостри санкции за најтешките прекршители, а одземањето на возилото ќе биде една од нив,“ порача министерот Тошковски.
Целта на новите мерки е јасна – подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на несреќи со трагични последици, кои последниве години ја потресоа јавноста.
Новата стратегија, како што соопштија од МВР, ќе опфати и зајакнато присуство на полицијата на терен, повеќе контроли и употреба на модерна технологија за следење на прекршителите.
Кој ќе биде погоден од мерките?
-
Возачи фатени во алкохолизирана состојба
-
Учество во улични трки
-
Агресивно или ризично возење
-
Повторување на сериозни прекршоци