КОЦЕВСКИ ПОТВРДИ: ПАНЧО ОД ДНК НЕМА ДА БИДЕ КРИВИЧНО ГОНЕТ ВО МОМЕНТОВ!
КОЦЕВСКИ ПОТВРДИ: ПАНЧО ОД ДНК НЕМА ДА БИДЕ КРИВИЧНО ГОНЕТ ВО МОМЕНТОВ!
Еден од членовите на музичката група ДНК, Панчо, се најде под лупата на истрагата поврзана со употребата на пиротехника, но против него засега нема да се преземаат правни дејства. Причината, според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, е сериозната здравствена состојба на осомничениот.
Фото: ХYПЕ МК Илустација/Фокус.мк
Во гостување на ТВ24, Коцевски појасни дека има лица кои по консултација со лекарите се оценети како неспособни да дадат исказ или да се соочат со правна постапка.
КОЦЕВСКИ ПОТВРДИ: ПАНЧО ОД ДНК НЕМА ДА БИДЕ КРИВИЧНО ГОНЕТ ВО МОМЕНТОВ!
„Некои од осомничените се во навистина тешка здравствена состојба, и по препорака од медицински лица, моментално не е можно да се спроведува постапка против нив“, изјави тој.
Новинарот на ТВ24 директно го праша дали меѓу нив е и осомничениот од бендот ДНК, на што обвинителот кусо одговори:
„Такви информации не можам да ги откријам, но има и такви случаи.“
На дополнително прашање дали лицето од бендот директно било инволвирано во пиротехничкиот инцидент, Коцевски одговори потврдно: „Така.“
Во претходна изјава, Коцевски најави дека истрагата ќе биде завршена веќе утре. Очекувањата се дека по нејзиното финализирање, ќе има јасна слика за тоа кој сноси одговорност и какви последици ќе следуваат.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.