Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуда против 30-годишен жител на Скопје кој признал вина за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата преку социјалните мрежи.
Според Обвинителството, лицето било обвинето за кривично дело „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ (член 394-г став 1 од Кривичниот законик), поради коментари под вести поврзани со организација на Парадата на гордоста во 2022 година.
фото: пихет
Во тие коментари, обвинетиот повикувал на насилство и јавно изразувал омраза кон ЛГБТИ заедницата. Пресудата била донесена врз основа на признание на вина, а обвинетиот добил условна казна затвор во траење од една година – казна која нема да се изврши доколку во следните 12 месеци не стори ново кривично дело.
Ова е една од ретките правосилни пресуди од овој вид во Македонија и, според Обвинителството, е дел од поширока заложба за доследна примена на европските стандарди за заштита од говор на омраза и дискриминација.
БОНУС ВЕСТ:
Се бара 24-годишниот Фатон Латифи од Куманово – исчезнал во непознат правец!
Да не се шират дезинформаcии за Горан Тонев – гитаристот на ДНК! Апел од близок роднина!
Jон Фрчкоски КОРИСТЕЛ КОКАИН НА РАБОТНОТО МЕСТО! Поднесе оставка по обвинувањата!
Приведен маж од Радовиш по насилство врз бремена жена во живо на ТикТок!
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!