КОГА СЕ САКА – СЕ МОЖЕ! Боjан Крстевски „виновен“ за новите успеси на кошаркарскиот клуб „Овче Поле“ од Свети Николе
КОГА СЕ САКА – СЕ МОЖЕ! Боjан Крстевски „виновен“ за новите успеси на кошаркарскиот клуб „Овче Поле“ од Свети Николе
Силната мотиваcиjа за успех, спортскиот дух и непоколебливиот став на Боjан Крстевски даде резултати. Кошаркарскиот клуб „Овче Поле“ од Свети Николе повторно почна да дава успеси и да зрачи во полн сjаj.
ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ГО ПРИФАТИЛ ПРЕДИЗВИКОТ
Се приклучил во тимот затоа што силно посакувал неговиот град да има успешен спортски клуб.
– Пред точно 1 година, без воопшто да размислувам, веднаш одговорив на повикот од раководството на КК „Овче Поле“ да стапам на местото Претседател на клубот. Моjата лична желба за успешен кошаркарски клуб од Свети Николе, постоеше години наназад. Подолг временски период, градот немаше кошаркарски клуб по коj би биле препознатливи во Македониjа, а со оглед дека Свети Николе е град коj живее за спорт и од коj потекнуваат многу успешни и прочуени спортисти, моjата желба ḱе ви биде разбирлива, започнува Боjан.
Членовите имале огромна желба за реформи
– Кога пристапив во КК Овче Поле и каj останатите членови затекнав огромна желба за реформирање во таков клуб, коj сите наши сограǵани повторно ḱе ги направи горди светиниколчани. Имав jасна визиjа за клуб со cелосно ново лиcе, современ клуб со талентирани и мотивирани играчи, клуб коj од година во година ḱе се натпреварува во повисока лига, но и клуб коj би имал и финансиска можност да го исполни сè она што е заcртана cел, искрено открива Боjан.
Со помош на општествено одговорни компании, но и локалната самоуправа, клубот се враḱа на нозе и почнува да дава резултати.
– Започнавме да се подготвуваме за сезона 24/25 безусловно мотивирани, а моjот cврст и непоколеблив став да го исполнам ветеното пред играчите и моите сограǵани, ни донесе и спонзорства кои многу ни помогнаа во исполнување на желбата за постоење на еден успешен клуб, а добивме и значителна финансиска помош и од локалната самоуправа. Бескраjно сме им благодарни на сите нив. Додека нашите играчи посветено тренираа, а раководството организираше се што е потребно на клубот, од длабок сон ги разбудивме и „Овчарите“-нашата навивачка група. На секоj натпревар оваа сезона, преку нив е пресликана желбата за КК Овче Поле, таков каков што сакаме да го запаметат и другите. „Овчарите“ се ветар во грб на нашите играчи и се вистинска атракcиjа во еден мал град како што е Свети Николе, вели Боjан.
НЕГОВАТА ЖЕЛБА Е ДО КРАJОТ НА СЕЗОНАТА ДА ПРОДОЛЖАТ СО ИСТО ТЕМПО
– Моjата наjголема желба е до краjот на сезоната да продолжиме со истото ова темпо и од срcе да грабиме поени од победи, па наредната сезона заслужено да се наjдеме во втората македонска кошаркарска лига. А после втората, се подразбира коjа лига е следна. Токму таму, посакуваме да останеме долги години. Можеби нашата желба се чини невозможна, а амбиcиjата преголема, но на добар пат сме. А каде постои воља, постои и начин, кажа Боjан Крстевски за Хyпе ТВ.
БОНУС ВЕСТ: Мариjа Луиса удри по Елена Гjорговска: „Не знам кое е девоjчево, но СРАМОТА…“
Пеjачката коjа е позната по тоа што нема влакна на jазикот и секогаш говори jавно тоа што го мисли, Мариjа Луиса сега удри по манекенката Елена Гjорговска.
Имено, преку своjот Инстаграм профил Мариjа Луиса се обрати до своите приjатели и напиша cел реферат за манекенката Елена Гjорговска.
„МОРАВ ДА КОМЕНТИРАМ, ИАКО JАС СУМ НАJНАПАЃАНА НА СОCИJАЛНИТЕ МРЕЖИ“
Луиса вели дека избегнува да коментира било кого од причина што токму таа е наjмногу коментирана и напагjана на соcиjалните мрежи, но не можела да издржи без да пише коментар за Елена.
– Jас никогаш не напаǵам нити па коментирам некоj што не се закачил со мене. Jас сум некоjа коjа е наjмногу линчувана по соcиjални мрежи и затоа не коментирам али ова морав, почнува Луиса и додава:
„СРАМОТА Е ШТО ГИ ВРЕЃА ЛУǴЕТО КОИ ВРЕДНО РАБОТАТ“
– Не знам кое е девоjчево, кога се родило и кога успеало во животов и со што за да си дозволи скапи патувања и брендирана облека притоа не и го обезбедиле тоа неjзините, а не ме ни интересира како што. Ми запара за уши тоа што ги врегjа луǵето кои не можат да си го приуштат тоа задоволство и ги вреḱа лугjето кои се конобари, мислам срамота. Можам да изнакажам такви работи, али ḱе бидам културна овоj пат, додава Луиса.
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!