КОЈ КОГО ИЗНЕВЕРУВАШЕ? АНТОНИА ГО ПОНЕСЕ ТОВАРОТ, А ИВАН? ИНТЕРВЈУ СО ИВАН ЈОВАНОВ! (ВИДЕО)
КОЈ КОГО ИЗНЕВЕРУВАШЕ? АНТОНИА ГО ПОНЕСЕ ТОВАРОТ, А ИВАН?
Во фантастичниот амбинет на „Лихнидос Ле Петит Бистро“ во Охрид кој локациски е во епицентарот на градот- на самиот плоштад, имавме можност да го снимиме Иван Јованов од „Либеро бенд“ кој настапуваше таму заедно со својата екипа.
Јованов е шармантен и корпулентен дечко, секогаш спремен со својата позитивна енергија, глас и стас да направи супер атмосфера и да ја забавува публиката со песните кои ги изведува.
На живите свирки од бендот е секогаш еуфорично и весело, прават да се чуствувате расположени и за момент да заборавите на сите грижи. Бендот е пребукиран, па не знаат каде попрво да свират.
Инаку за Иван е веќе познато дека е во брак со Ивана и ја имаат ќеркичката Ниа. Како што ни изјави подолу во видеото, тој е навистина грижлив татко, помага и по дома, знае да зготви нешто и да биде главата на куќата.
Познато е исто така дека тој беше поранешен дечко на пејачката Антониа Гиговска, но врската се распадна и секој си замина на своја страна. И денес се шпекулира кој бил крив, а кој не, па и за тоа го прашавме Иван, да ни раскаже од негов агол.
А дали користи чет џбт? Ќе се изненадите од одговорот!
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т.