КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ГОЛЕМА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ“ – ПОЧЕСТ ЗА УНИКАТНАТА МУЗИЧКА ВИЗИЈА!
КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ГОЛЕМА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ“ – ПОЧЕСТ ЗА УНИКАТНАТА МУЗИЧКА ВИЗИЈА!
фото/ДW
Македонскиот композитор и културен симбол Кирил Џајковски е годинашен лауреат на престижната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание што го доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) за исклучителен придонес во развојот на македонската филмска музика и култура.
Новината ја соопшти претседателот на ДФРМ, Игор Иванов – Изи, нагласувајќи дека Џајковски не е само филмски композитор, туку и културна икона на Скопје и пошироко – човек кој со своето творештво го обликува идентитетот на градот и државата на музички и уметнички план.
Наградата ќе му биде врачена на затворањето на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ – манифестација што и оваа година ветува богата и интернационална програма.
Во истата прилика, турскиот режисер Семих Капланоглу ќе ја прими наградата „Специјална камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Капланоглу важи за еден од највлијателните автори во турската кинематографија, добитник на 28 меѓународни награди и 10 номинации на светски фестивали.
Селекторот на главната натпреварувачка програма, Слаѓан Пенев, најави дека фестивалот ќе започне и ќе заврши со македонски филмови, а годинашното отворање ќе го одбележи премиерата на „Мајка“ од Теона Митевска. Во главната програма ќе се прикажуваат филмови селектирани од најреномираните фестивали: Кан, Берлин, Венеција, Торонто, Локарно и други.
„Браќа Манаки“ повторно ја става Македонија на мапата на светската филмска уметност, а наградата за Кирил Џајковски е потсетник дека и домашната сцена има што да понуди – квалитет, визија и културна длабочина.
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!