Кина ѝ се закани на Америка: „Не сте во позиција…“
Кина ѝ се закани на Америка: „Не сте во позиција…“
Во ново соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи, се наведува дека Соединетите Американски Држави „не се во позиција да вперуваат прст кон Кина“, особено во врска со прашањата поврзани со Тибет и наследникот на Далај Лама.

Фото: Пиxабаy
Министерството го повика Вашингтон целосно да ја препознае важноста и чувствителноста на ова прашање.
Портпаролката Мао Нинг реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој претходно изјави дека Далај Лама инспирира луѓе ширум светот и ја изрази својата поддршка за очувување на јазичното, културното и верското наследство на Тибетанците, вклучително и нивното право слободно да ги избираат своите верски водачи, пренесе Ројтерс.
Мао возврати дека Далај Лама е „политички изгнаник кој се занимава со антикинески сепаратистички активности под плаштот на религијата“, и дека „нема право да го претставува тибетанскиот народ ниту да одлучува за иднината на Тибет“.
Таа повторно го нарече дел од „Далај-кликата“, обвинувајќи го за обиди за сепаратизам.
Мао додаде дека Кина практикува политика на верска слобода и дека има право да го одобри наследникот на Далај Лама, повикувајќи се на традиции од царските времиња.
Далај Лама минатата недела порача дека ќе се реинкарнира и дека институцијата што ја основал има ексклузивно право да го идентификува неговиот наследник, директно спротивставувајќи се на инсистирањето на Пекинг дека тоа е прашање за кое одлучува кинеската држава.
Марко Рубио во мај повика и на итно ослободување на Гедун Чокји Њима, кој во 1995 година – кога имал шест години – беше прогласен од Далај Лама за 11-ти Панчен Лама, по што исчезна.
Пекинг подоцна го именуваше Ѓалцен Норбу како Панчен Лама. Панчен Лама има клучна улога во идентификацијата на следниот наследник на Далај Лама.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!