КИМ КАРДАШИЈАН СЕ РАСПЛАКА ПРЕД КАМЕРИТЕ: Жестоки откритија за Канје Вест!
КИМ КАРДАШИЈАН СЕ РАСПЛАКА ПРЕД КАМЕРИТЕ: Жестоки откритија за Канје Вест!
фото/Пеопле
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан се расплака додека му се обраќаше на својот поранешен сопруг Канје Вест во трејлерот за документарецот „Во чие име?“, посветен на контроверзниот рапер.
„Твојата личност не беше ваква пред неколку години!“, му порача Кардашијан, очигледно вознемирена за време на жестока расправија со Вест, кој денес е познат под името Је. Раперот ѝ признал дека престанал да зема терапија за биполарно растројство: „Пет месеци сум без лекови. Подобро би бил мртов отколку на терапија. Или тие ќе уништат мене или јас нив“, изјавил тој.
Кардашијан и Вест беа во брак од 2014 до 2022 година и имаат четири деца – Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм. Нивниот развод и нестабилниот однос со години се тема во медиумите, дополнети со бројни контроверзни објави на социјалните мрежи.
Трејлерот прикажува конфликти меѓу поранешниот пар, емоционални испади на Вест, како и делови од неговиот професионален и приватен живот: настапи, музички проекти, мода, но и сцени со неговите деца.
Во еден момент, за време на верска служба за затвореници, се слуша неговата порака: „Кога сме во затвор, проповедаме дека Исус може да нè ослободи, и тоа е вистина“.
Документарецот открива и интимни моменти со ќерката Норт, како и шокантни исповеди што ја прикажуваат сложената и контроверзна динамика меѓу поранешниот пар.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!