КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО НАСТАП ВО ГЕРМАНИЈА! СИТЕ СЕ ДИГНАА НА НОЗЕ – СРЕДСТВАТА ОД КОНЦЕРТОТ ОДАТ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ!
КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО НАСТАП ВО ГЕРМАНИЈА! СИТЕ СЕ ДИГНАА НА НОЗЕ – СРЕДСТВАТА ОД КОНЦЕРТОТ ОДАТ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ!
Во преполната сала Октоберфест Халле Маинз во Мајнц, Германија, македонската музичка дива Каролина Гочева настапи со голема емоција и безрезервна поддршка на хуманитарниот фестивал за Кочани, кој се одржа на 8 јуни 2025 година. Настанот беше организиран од Црковната општина „Св. Никола“ – Мајнц, а со една единствена цел – помош за жртвите од трагедијата во Кочани.
Фото/Принтскрин/Инстаграм/каролинагоcхева
Каролина ја понесе публиката на вистинско музичко патување со своите најголеми хитови, но и со нежни, емотивни балади, кои го исполнија срцето на секој присутен. Публиката, составена од Македонци од дијаспората, Германци и поддржувачи на хуманата кауза, ја поздрави пејачката со овации и солзи во очите.
Настанот понуди богата програма исполнета со македонска традиција, култура и музика. Освен Каролина, настапија и:
- КУД „Шара“ – Тетово
- КУД „Св. Никола“ – Мајнц
- Група „Милениум“
- Василија Петрова
- Сања ѕиделар
- Тино и Атанас
Фото/Принтскрин/Инстаграм/каролинагоcхева
Сите средства собрани од продажбата на билетите беа донирани преку организацијата СуппортКоcани, со цел да им се помогне на повредените и нивните семејства. Влезот за децата до 12 години беше бесплатен, а останатите граѓани со купен билет директно придонесоа кон оваа благородна мисија.
Ивона Јо блеска во бикини по операцијата – заедно со Тамара уживаат во Грција!
Ова беше вечер кога музиката беше гласот на солидарноста, а Каролина уште еднаш покажа дека е не само музичка, туку и хумана ѕвезда со големо срце.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.