„КАРЛЕУША СÈ УШТЕ ТРПИ ПОРАДИ ТОА“ – САША МИРКОВИЌ ЗА МАФИЈАШКОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ И ЗАКАНИТЕ ОД НЕЈЗИНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ! (ВИДЕО)
„КАРЛЕУША СÈ УШТЕ ТРПИ ПОРАДИ ТОА“ – САША МИРКОВИЌ ЗА МАФИЈАШКОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ И ЗАКАНИТЕ ОД НЕЈЗИНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ! (ВИДЕО)
Директорот и сопственик на Хyпе продукција, Саша Мирковиќ, во ново интервју за телевизијата Аваз зборуваше за естрадниот свет и проблемите со кои се соочуваат не само други јавни личности, туку и тој лично.
Фото АТА Имагес/Принтскрин Jутjуб АВАЗ ТВ
„КАРЛЕУША СÈ УШТЕ ТРПИ ПОРАДИ ТОА“
Освен што неодамна преживеал обид за убиство, Мирковиќ зборуваше и за правдата – или поточно, неправдата на естрадата. Познато е дека Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ со години водат жестока медиумска војна. Водителот забележа дека Карлеуша во минатото претрпела многу поради изјавите што ги дала за покојниот сопруг на Цеца, озлогласениот криминалец Жељко Ражнатовиќ Аркан.
„Карлеуша и ден-денес трпи поради тоа. Јас сакам да кажам дека Цеца е српската маќеа“, изјави Мирковиќ.
Потоа доби прашање од водителот дали некогаш почувствувал страв дека Светлана може да му наштети.
„Ако ова беше одмазда, тогаш пораката беше сосема јасна. Но, јас нема да престанам да зборувам за неа. Добирав заканувачки пораки од нејзините пријатели, кумови. Сè губи смисла ако молчиме за тоа што го прават расипаните луѓе. Насилството мора да престане. Ако треба да молчиме и да се повлекуваме пред насилството – каде ќе стигнеме? Насилство, криминал… за сето тоа мора да се зборува“, потенцираше тој.
Потоа, челникот на Хyпе опиша кој, според него, е најмногу виновен за постоењето на естрадно-криминалниот пакт.
„Пејачите се најмногу виновни, како и несреќниот ‘Гранд’. Направија хиперпродукција, а поради недостаток на проверени менаџери и обучени професионалци, вработуваат секакви луѓе. Во таа мешавина влегуваат и непроверени, сомнителни личности. Зад сето тоа, нормално, криминалци стануваат менаџери. Се создава чудна сплетка. Марија Шерифовиќ и српската маќеа седат заедно во жирито на ‘Гранд’. А поранешниот менаџер на Марија, сосема случајно, е Бошко Јанковиќ, кој се дружи со овој (Велибор Поповиќ). Двајца криминалци и две пејачки во жирито“, рече Мирковиќ.
Што уште изјави – погледнете во следното видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.