Како денес изгледа Руби?! Ја освои публиката во Србија, ја победи болеста и стана баба на 38 години!
Како денес изгледа Руби?! Ја освои публиката во Србија, ја победи болеста и стана баба на 38 години!
Теленовелата „Руби“ ја освои српската публика пред дваесет години и се издвојуваше од сличните формати по тоа што главната хероина не беше наивна добрица, туку амбициозна и заводлива жена која чекореше преку сè за да дојде до целта.
Во улогата на Руби блесна мексиканската актерка и манекенка Барбара Мори. Таа е родена во 1978 година во Монтевидео, Уругвај. Потекнува од мешано семејство – мајка ѝ е Уругвајка со баскијско потекло, а дедо ѝ по татко бил Јапонец.
Барбара имала само три години кога ѝ се развеле родителите, а детството го поминала на релација Уругвај – Мексико. На 11 години се преселила во Мексико Сити. Додека работела како келнерка, ја забележал моден дизајнер и ја поканил да стане модел. На 14 години дебитирала на модната сцена, а неколку години подоцна ѝ се приклучила на медиумската куќа ТВ Азтеcа и така влегла во светот на глумата.
ДЕЧКОТО НА НАКОВА ФАТЕН СО ДРУГА?! АЛЕКСАНДРА ГО „УЛОВИ“ КАКО РАЗМЕНУВА НЕЖНОСТИ! (ФОТО)
Кариерата ѝ тргнала нагоре кога потпишала договор со медиумскиот гигант Телевиса и ја добила улогата на сиромашната, но амбициозна девојка Руби, која сонува да се омажи богато и да стекне моќ. На тој пат таа не бира средства.
Улогата на Руби ѝ донесе голема слава и наградата за најдобра женска улога според магазинот ТВ Новелас за 2004/2005 година.
Како денес изгледа Руби?!
Покрај оваа улога, Барбара глумела и во други популарни теленовели како „Неверне љубави“ и „Бесрамна љубав“, како и во филмовите „Жена на мојот брат“ (2005) и „Претендиендо“ (2006).
Во 2007 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка, поради што направила пауза во кариерата.
„Тешко е да се каже: ’Да, имав тумор‘. Бог ме стави на тест и јас го положив. Се изборив со болеста, го победив ракот и продолжувам понатаму“, изјави таа за медиумите. Интересен факт е што Барбара стана баба со само 38 години, откако нејзиниот син доби ќерка по име Мила кога имаше 19 години – иста возраст кога и Барбара го роди него.
Денес, Барбара има 47 години и изгледа одлично. Таа е во врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар, со кого се запознаа во 2013 година.
Не користи ботокс, не е љубител на естетски операции и го промовира природниот изглед. На својот Instagram често објавува фотографии без шминка.
Покрај глумата, поседува сопствена линија долна облека, а заработката ја насочува кон помош на жени заболени од рак на дојка во Мексико. Таа е и сопственик на синџир ресторани и има свој бренд на вотка.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.