КАФЕТО ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ! ЦЕНАТА РАСТЕ ВИСОКО, СЛЕДИ УДАР ВРЗ ЏЕПОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ!
КАФЕТО ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ! ЦЕНАТА РАСТЕ ВИСОКО, СЛЕДИ УДАР ВРЗ ЏЕПОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ!
Планираното воведување на американски царини на стоки од Бразил може да доведе до ново зголемување на цената на кафето ширум светот, предупредуваат експертите, имајќи предвид веќе рекордно високите цени глобално.
Фото/Пехелс
Како што пренесува „Њујорк тајмс“, царините дополнително ќе ја оптоварат индустријата за кафе, особено во период кога сушите ги погодија Бразил и Виетнам – двете најголеми извознички земји на кафе за САД, што веќе предизвика намалени приноси и пораст на цените.
Просечната цена за половина килограм пржено кафе во САД е зголемена на 7,93 долари, за разлика од минатогодишната цена од 5,99 долари.
Повеќето американски потрошувачи консумираат кафе со потекло од Јужна Америка, Африка и Азија, при што САД во текот на минатата година увезле 1,6 милиони метрички тони кафе.
>Аналитичарот на кафе-индустријата, Гиљерме Моја, проценува дека трговијата со кафе помеѓу САД и Бразил би можела да доведе до ситуација во која двете страни ќе бидат на загуба.
КАФЕТО ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ! ЦЕНАТА РАСТЕ ВИСОКО!
„Ако стапат на сила новите царини од 50 проценти, ќе станеме сведоци на преобликување на светските текови на кафе, особено во насока од Бразил кон други региони“, изјави Моја.
Доколку цената на големо се зголеми за само 10 проценти, според проценките на економистот од Институтот Стенфорд, Рајан Камингс, тоа би можело да доведе до зголемување на цената на една шолја кафе за околу 25 центи.
„Стратегијата на претседателот Доналд Трамп во однос на царините може да ги доведе производителите на кафе во многу нестабилна положба“, предупредува Камингс.
КАФЕТО ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ!
Големите добавувачи на кафе, како што е синџирот Старбуcкс, купуваат кафе од целиот свет и нарачуваат големи количини месеци однапред. Тоа делумно ги заштитува од ненадејни ценовни шокови. Сепак, царините најмногу ќе ги погодат помалите снабдувачи, кои ќе се обидат да набавуваат на начин со кој би ги избегнале тие царини.
Дополнително, царините може да влијаат и врз квалитетот на кафето што се увезува во САД, имајќи предвид дека во Бразил доминира висококвалитетната сорта арабика, за разлика од Виетнам и другите азиски земји каде главно се одгледува пониско квалитетна робуста.
Според економистот од Универзитетот Рајс, Дејвид Ганц, Виетнам и другите производители немаат капацитет да го надоместат недостигот. Тој предупредува дека дел од бразилските производители ќе престанат целосно со работа, додека други ќе продолжат, но со значително повисоки цени.
МИА БОРИСАВЉЕВИЌ ДОЖИВЕА ШОК! Кумата ја повикала на СП*РМА – јавно објави сè! (ФОТО)
СЛЕДИ УДАР ВРЗ ЏЕПОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ!
„Њујорк тајмс“ потсетува дека кафето се одгледува во специфични климатски услови – најдобро успева на големи надморски височини и во тропски области, со обилни врнежи. Во САД, такви услови има само на Хаваи и на територијата на Порторико.
Кафето произведено на Хаваите се смета за деликатес и чини два до трипати повеќе од обичното кафе. Но, високите трошоци за труд, вода и електрична енергија го прават производството таму скапо. Тоа значи дека домашното производство нема да доведе до стабилизација на цените.
Се заклучува дека најголемиот дел од потрошувачите сепак ќе продолжат да купуваат кафе, додека мал дел ќе премине на други извори на кофеин, како што се чајот или енергетските пијалаци.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.