ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА ФОТОГРАФИЈА ОД ЦЕЦА ВО ОКРУЖНИОТ ЗАТВОР: Светлана Ражнатовиќ УАПСЕНА ВО СВОЈОТ ДОМ!
ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА ФОТОГРАФИЈА ОД ЦЕЦА ВО ОКРУЖНИОТ ЗАТВОР: Светлана Ражнатовиќ УАПСЕНА ВО СВОЈОТ ДОМ!
Излезе на виделина фотографија од Цеца од Окружниот затвор
Фото: Принтскрин X/истинамиjеиме
По атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, во рамките на пошироката полициска акција „Сабја“, која имаше за цел разбивање на организираниот криминал во Србија, беше уапсена и пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ. Во тој период се појави и фотографија од Цеца во притвор, која подоцна се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари.
Излезе на виделина фотографија од Цеца од Окружниот затвор!
Ста jе ово громе моj, Окружни затвор #cеcа #окрузнизатвор #cаосвима #светланаразнатовиc пиc.тwиттер.cом/Xyкx8WаЕИ9
— Истинамиjеиме (@истинамиjеиме) Jуне 4, 2025
Нејзиното апсење и претресот на куќата на улицата Љутице Богдана број 3, која ја наследила од својот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, наводно се случиле петтиот ден по убиството на Ѓинѓиќ.
Инаку, таа и претходно неколкупати се нашла на радарот на истражните органи. Нејзините постапки можеле да се карактеризираат како тешки кривични дела.
Специјален тим на МВР составен од припадници на Жандармеријата, УБПОК и СУП Белград ја лишил од слобода Светлана Ражнатовиќ. При претресот на нејзиниот дом наводно биле пронајдени поголема количина оружје – вкупно 88 ставки.
ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО ВИЛАТА НА ДЕДИЊЕ!
Кај Цеца, полицијата пронашла: 21 пиштол и револвер од различни марки и калибри, три сандаци муниција калибар 7,62 мм (вкупно 5.000 парчиња). Воено-полициска опрема (компаси, ласерски далиномер, нишански телеобјектив, голем број лисици, самострел со 20 стрели).
Две фантомки со отвори за очи и уста, пригушувач за „шкорпиони“ и „хеклери“, уреди за ноќно мерење и набљудување. Неколку торби со муниција за пиштоли и револвери, 21 службена палка – пендрек. Пар регистарски таблички со ознака од Вуковар, неколку сандаци со воено-полициска опрема.

Најголемиот дел од оружјето било сокриено во специјално изграден блиндиран бункер.
Полицијата влегла во домот на вдовицата на Аркан тој ден во 7:30 часот наутро. Маскирани припадници на Жандармеријата ја опколиле зградата со теренски возила, пишуваа медиумите.
Светлана Цеца Ражнатовиќ поминала три месеци во Централниот затвор во Белград, по што била пуштена на слобода. Против неа не била покрената ниту една обвинителна постапка. Подоцна изјавила дека нејзините деца поради „Сабја“ поминале низ вистинска голгота. Таа првиот месец го поминала во самица, без право на посети, кантина, адвокат, сонце – друштво ѝ правеле само бубашваби.
УКРАДЕНИОТ ЃЕРДАН НА СРПСКАТА МАЌЕА
Во една телевизиска емисија, додека гостувала Српската маќеа, се јавила жена која тврдела дека Аркан ѝ ја скинал ѓерданката од вратот на нејзината покојна сестра.
Фото: Принтскрин Yоутубе/минимаксовизиjа
Српската маќеха неодамна се обидела да се извлече и повторно со ноторни лаги да ја убеди јавноста дека тоа се невистини. Меѓутоа, падот на една таква бескрупулозна личност, според сè, започнал – нејзините мрачни тајни секојдневно излегуваат на виделина.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.