Изгаснат голем пожар во фабрика за стиропор во Кочани – причините се истражуваат!
Голем пожар избувна денеска во фабрика за изолациски материјали од стиропор, лоцирана во индустриската зона на влезот во Кочани, предизвикувајќи значителна материјална штета, но за среќа без повредени лица.

фото:принтскрин/факс.мк
Според информациите од Територијалната противпожарна единица – Кочани, повикот за интервенција бил добиен околу пладне, по што на терен биле испратени четири возила и 12 пожарникари.
„Гаснењето се одвиваше во многу специфични и опасни услови, бидејќи се работи за многу запалив материјал. Благодарение на навремената и координирана реакција, пожарот беше локализиран и спречено е негово ширење кон соседните објекти“, изјави командирот на ТППЕ Кочани, Драган Апостолов.
Во интервенцијата нема повредени ниту меѓу вработените во фабриката, ниту меѓу пожарникарите. Засега причините за избувнување на пожарот не се познати, а увид на терен вршат екипи од ОВР – Кочани.
Ова е втор поголем пожар во Кочани во последните два дена. Во вторникот во населбата Оризари, во кругот на транспортна компанија, изгореа три автобуси и едно патничко возило.
Надлежните апелираат за зголемено внимание, особено во услови на високи температури и лесно запаливи материјали.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!