ИЗБРИШЕТЕ ГИ БРЧКИТЕ И ФЛЕКИ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ: Ви се потребни само два состојки!
ИЗБРИШЕТЕ ГИ БРЧКИТЕ И ФЛЕКИТЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ: Ви се потребни само два состојки!
Природно отстранување на старечки пеги
Со текот на годините, нашата кожа природно поминува низ бројни промени – ја губи еластичноста, станува потенка, а на површината може да се појават старечки пеги и хиперпигментации.
Природно отстранување на старечки пеги Фото: Пиxабаy
Иако овие промени се сосема нормален дел од процесот на стареење, на многу жени може да им претставуваат естетски проблем. Добрата вест? За нивно ублажување не мора да се користат скапи препарати или агресивни третмани.
Природата нуди нежни, но ефикасни сојузници за одржување на рамномерен тен и здрав изглед на кожата – тие ви се на дофат, во вашата кујна и секојдневна нега.
Природно отстранување на старечки пеги
Одличен природен начин за отстранување на старечки пеги и хиперпигментации на кожата е комбинацијата од сода бикарбона и рициново масло.
Измешајте 50 % сода бикарбона со 50 % рициново масло и нанесете на местата со старечки пеги, темни флеки, мелазма или хиперпигментација. Сода бикарбоната го отстранува горниот слој на мртва кожа, слично како пилинг.
Оваа мешавина е извонредна и за кожата на надлактиците – оставете да делува 10–15 минути, а потоа исплакнете и нежно избришете со пешкир. Ќе почувствувате како рициновото масло длабински ја хидрира вашата кожа, што е особено корисно за рацете.
Исто така е одлична и за опуштена кожа, а можете да ја користите и на лицето за израмнување на тенот, како и како крема за тело – на рацете, нозете, вратот, градите…
Оваа комбинација е извонредна бидејќи сода бикарбоната нежно ги отстранува мртвите клетки и ја поттикнува обновата на кожата, делувајќи како природен пилинг.
Рициновото масло, пак, длабински ја храни и хидрира кожата, ја подобрува нејзината еластичност и ја поттикнува продукцијата на колаген, што помага во намалување на видливоста на старечки пеги и хиперпигментации.
Заедно, овие состојки создаваат природен и ефикасен третман за поздрава и порамномерна кожа.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!