ИВОНА ЈО ГО СЛАВИ 29-ТИОТ РОДЕНДЕН! НА ФАНОВИТЕ ИМ ПОДАРУВА НОВА ПЕСНА – „МОЛИТВА!“ (ВИДЕО)
ИВОНА ЈО ГО СЛАВИ 29-ТИОТ РОДЕНДЕН! НА ФАНОВИТЕ ИМ ПОДАРУВА НОВА ПЕСНА – „МОЛИТВА!“ (ВИДЕО)
Една од најмоќните вокални ѕвезди на македонската музичка сцена – Ивона Јо, денес го слави својот 29-ти роденден, а по тој повод им приреди изненадување на сите свои обожаватели: нова песна, насловена „Молитва“, која премиерно ќе биде објавена на нејзиниот Јутјуб канал, вечерва во 19 часот.
Фото/ХАЈП МК/Принтскрин/Инстаграм/@ивонаjо
Во роденденската објава на Инстаграм, Ивона емотивно напиша:
„Честитка од мене за Ивона 🤍
Ит’с беен а хард yеар бут И сурвивед.
Цели 29 лета сум тука. Помалку своја, понекогаш тажна, скршена, насмеана ама никогаш откажана од себе.
Уште едно лето од животот помина.
Среќен нека ми е душо 🤍
Твоја Ивона.
Утре ви дарувам и си дарувам песна 💗 19 часот на мојот канал.
Бај ✨“
Виеw тхис пост он Instagram
„Молитва“ веќе доби тизер на социјалните мрежи, а според кратките аудио/визуелни најави, станува збор за емотивна балада со длабока порака – нешто по кое Ивона веќе е препознатлива. Песната најавува нов творечки бран во нејзината кариера, кој фановите со нетрпение го очекуваат.
ДАЛИ ЏОКЕР ПРОВОЦИРА НЕКОГО? Дисторзијата на човечката насмевка!
Ивона Јо е артист со уникатен вокал, препознатлива интерпретација и искрен пристап во сè што прави. Таа се истакнува како една од најценетите соработнички на тимот на ХАЈП МК, каде неколку пати беше дел од ексклузивни проекти и интервјуа.
Виеw тхис пост он Instagram
Тимот на ХАЈП МК ѝ упатува најискрени честитки за роденденот, со желба за уште поголеми музички успеси, љубов, здравје и бескрајна инспирација.
Следете ја Ивона Јо вечерва во 19:00 часот и не пропуштајте да ја слушнете „Молитва“ – песна која ветува емоции, порака и квалитет!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.