ИВОНА ЈО: „ОФИЦИЈАЛНО ЧЕКАМЕ БЕБИЊА!“ (ФОТО)
ИВОНА ЈО: „ОФИЦИЈАЛНО ЧЕКАМЕ БЕБИЊА!“ (ФОТО)
Македонската пејачка Ивона Јо денеска ги изненади своите обожаватели со емотивно и несекојдневно обраќање на Инстаграм. Таа објави стори на кое видно возбудена објави дека нејзиното милениче – белото кученце кое често се појавува во нејзините објави – е бремено и наскоро очекуваат „бебиња“.
фото/принтскрин/инстагртам/стори/ивонаjо
„Мислам дека ми беше претешко да прифатам дека е бремена. Па луѓе… Официјално чекаме бебиња… Бејби е најголемата маза овој период… А јас толку емотивна… скроз измешани емоции… Совети ни требаат… Што не чека?“ – сподели Ивона на сторито, додека грижливо го гушкаше своето куче.
Нејзината објава предизвика вистинска бура од реакции на социјалните мрежи. Фановите веднаш ја преплавија со честитки и совети за тоа како подобро да се грижи за својата миленичка во периодот на бременоста.
Ивона Јо е позната не само по својата музичка кариера туку и по тоа што отворено ја споделува приватноста со своите следбеници. Оваа вест уште еднаш покажа колку е блиска со своето куче и колку искрено ги споделува сите важни моменти од животот.
Следбениците со нетрпение очекуваат нови вести и, секако, фотографии од преслатките штененца што треба да пристигнат наскоро.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!