ИТНО ОБРАЌАЊЕ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ПРЕД ПОРОДУВАЊЕТО! ПЕЈАЧКАТА ОТКРИ НОВИ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ: „ТОА БИ БИЛ МОЈОТ НАЈГОЛЕМ ПОРАЗ!“
ИТНО ОБРАЌАЊЕ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ПРЕД ПОРОДУВАЊЕТО! ПЕЈАЧКАТА ОТКРИ НОВИ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ: „ТОА БИ БИЛ МОЈОТ НАЈГОЛЕМ ПОРАЗ!“
Александра Пријовиќ открива дека никогаш не би си дозволила славата да ѝ „удри во глава“ и истакнува дека такво нешто би го сметала за свој најголем пораз.
Пхото: Антонио Ахел/АТАИмагес
По серијата концерти, пејачката се повлече од јавноста за да се посвети на својата бременост и да се подготви за своето второ породување. Најмногу ѝ се радува нејзиниот син Александар, кој со нетрпение го очекува доаѓањето на својата сестричка.
Популарноста, како што вели, не ја променила, а Пријовиќ нагласува дека за неа најголем личен пораз би бил доколку некој од нејзиното семејство ѝ каже дека повеќе не е иста.
– Никогаш не би си дозволила да бидам поинаква од тоа каква што сум отсекогаш била. Тоа за мене би било најголем пораз. Замислете само, да ми дојдат мајка ми или татко ми, или некој од моето семејство, и да ми каже: „Повеќе не си истата Александра“. Тоа навистина би ме погодило. Никогаш не би го дозволила тоа, ниту за себе, ниту за мојата публика која сите овие години е со мене. Да се променам до тој степен – тоа не доаѓа предвид.
Александра Пријовиќ со сопругот Филип го имаат своето семејно гнездо на Бежаниска коса. Доаѓањето на нивниот син Александар во 2019 година го збогати и разубави нивниот живот. Пејачката и Филип наскоро ќе станат родители по вторпат – овојпат на ќерка, а Александра добива огромна поддршка од мајка ѝ Борка, татко ѝ Неделко, како и од родителите на Филип.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.