Италијанска страст и модна драма: Девојката на Лео Ди Каприо го искина фустанот на свадбата на Безос!
Италијанска страст и модна драма: Девојката на Лео Ди Каприо го искина фустанот на свадбата на Безос!
Бурната атмосфера на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез не помина без модни инциденти! Италијанската манекенка Виторија Черети (27), девојка на холивудскиот заводник Леонардо ди Каприо (51), доживеа вистинска фустан-катастрофа среде гламурозната забава во Венеција.
принтскрин:абц
Черети блескаше во винтиџ креација од Долcе & Габбана, но танцот, шампањот и луксузниот хаос очигледно беа премногу – фустанот се скина! Моделот со доза на хумор на Инстаграм објави фотографии со наслов „Хоw ит стартед вс. Хоw ит’с гоинг“, каде се гледа како мал дефект станува целосна модна штета.
принтскрин:абц
Сепак, инцидентот не го расипа расположението. Ден пред забавата, во петокот, Виторија и Лео присуствуваа на самата венчавка на островот Сан Џорџо Маџоре. Таа носеше елегантен црн фустан со ниска пунџа, додека Лео повторно покажа дека не се разделува од својот заштитен знак – црната бејзбол капа, дури и во смокинг!
принтскрин:абц
Без разлика на модниот дефект – љубовта, гламурот и веселбата беа во полн екс на свадбата што го собра целиот светски џет-сет!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!