ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ: АПСЕЊЕТО НА НАЦЕВ ПОТВРДА ДЕКА ПРАВДАТА НЕ ПОШТЕДУВА НИКОГО!
ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ: АПСЕЊЕТО НА НАЦЕВ ПОТВРДА ДЕКА ПРАВДАТА НЕ ПОШТЕДУВА НИКОГО!
ВМРО-ДПМНЕ по апсењето на Александар Нацев: „Правдата постои и важи за сите“
По денешното апсење на Александар Нацев, ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на настанот, нагласувајќи дека институциите ја вршат својата работа и дека правдата е еднаква за сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност.
„Денешното апсење на Александар Нацев е јасен доказ дека правдата постои и важи за сите,“ стои во соопштението на партијата. Оттаму порачуваат дека секој кој има каква било поврзаност со трагедијата во дискотеката во Кочани ќе мора да одговара пред институциите.
„Секој што има каква било поврзаност со трагедијата во Кочани ќе се соочи со институциите – без оглед дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или било која друга политичка партија,“ се наведува во реакцијата.
Покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ упати критики до СДСМ, обвинувајќи ја владејачката партија за создавање атмосфера на осуда без докази. Тие ги повикаа своите политички противници да запрат со, како што велат, „преки судови“ и манипулативни изјави кои, според нив, штетат на правниот систем и создаваат недоверба кај граѓаните.
„СДСМ треба да престане со обвинувања без основа и со секојдневно ширење дезинформации. Институциите работат посветено и одговорно,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ја поздравуваат активноста на надлежните органи и заклучуваат: „За првпат во историјата на државата има одговорност за сите – без разлика на функција, партиска боја или припадност.“
Останува да се види како ќе се развива понатаму случајот, но јавноста внимателно го следи секој чекор на институциите.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Д.Н.