ИСПЛИВА ЕКСПЛИЦИТНА ФОТОГРАФИЈА НА МАЈЛИ САЈРУС! Г*ди во ПРВ ПЛАН, пејачката никогаш ПОВОЗБУДЛИВА (ФОТО)
Пејачката Мајли Сајрус остави малку на имагинацијата за време на едно излегување во Њујорк, во рамки на промоцијата на нејзиниот нов албум „Something Beautiful“, пишува The Economic Times.
Фото: Профимедиа
Мајли во средата беше фотографирана во проѕирен црн фустан со длабоко деколте, со што ги истакна сите свои атрибути.
Сајрус под фустанот немаше градник, па така покажа речиси голи гради, а носеше само црни гаќички. Нејзината кадрава коса беше собрана во неуредна пунџа, а комбинацијата ја надополни со сончеви очила. На елегантниот и заводлив фустан му додаде и црни штикли.
View this post on Instagram
Мајли во Њујорк се дружеше со своите обожаватели, делеше автограми и се фотографираше со нив пред да влезе во зградата.
Подоцна беше откриено дека Мајли суптилно го „пецна“ својот поранешен сопруг Лијам Хемсворт. Еден обожавател, кој исто така се вика Лијам, изјави дека Сајрус му рекла дека е „најдобриот Лијам“ кога му ја потпишувала копијата од албумот „Something Beautiful“.
Лијам и Мајли ја започнаа својата врска во 2010 година, откако се запознаа на снимањето на филмот „The Last Song“.
Првпат се верија во 2012 година, но раскинаа во 2013. По три години се помирија и се венчаа во 2018. Сепак, осум месеци подоцна се разделија, а разводот го финализираа во 2020 година.
Една година подоцна Мајли започна врска со Макс Моранд, со кого и денес е заедно.

Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
