ИНСЕКТИ ТВРДОКОРЦИ ГО ПРЕНЕСУВААТ ПОЖАРОТ НА СЕРТА! – СЕ ЗАКАНУВААТ НОВИ ОГНОВИ!
ИНСЕКТИ ТВРДОКОРЦИ ГО ПРЕНЕСУВААТ ПОЖАРОТ НА СЕРТА! – СЕ ЗАКАНУВААТ НОВИ ОГНОВИ!
Планината Серта повторно е зафатена од пожар, кој се активираше вчера попладне и моментално се движи кон сртот и воениот полигон Криволак. Иако огнот сè уште е под контрола, загриженост предизвикува нова, невообичаена појава: според регионалната подружница на ЈП Национални шуми „Серта“ – Штип, виновници за ширењето на огнот се… инсекти.
Фото/Википедиа.орг
ИНСЕКТИ ТВРДОКОРЦИ ГО ПРЕНЕСУВААТ ПОЖАРОТ!
Весна Сенева, претставничка на подружницата, изнесе изненадувачка, но лично потврдена хипотеза – дека инсекти, особено тврдокрилци од дабовата шума, се преносители на пожарот.
„Роеви од инсекти, запалени, прелетуваат од едно на друго место, дури и преку асфалт. Имавме случај каде и нè нападнаа. Се работи за тврдокрилци од фамилијата Cолеоптера, кои бегајќи од огнот, несвесно го разгоруваат понатаму“, изјави Сенева.
Очевидци потврдуваат и друг бизарен инцидент: запален скакулец го проширил огнот на суво стрниште, кое за среќа било навремено изгаснато. Инсектите и животните, според Сенева, не само што бегаат од пожарот, туку несвесно го „пренесуваат“ во други делови од шумата.
Во моментов, најзагрозени се селата Драгоево и Селце, но благодарение на шесте трактори со кои се изработени пресеци, огнот е задржан на безбедна оддалеченост. На терен се ангажирани пожарникари со две противпожарни возила и три пинцгауери, а дел од екипите останале да дежураат и во текот на ноќта.
Во градот Штип синоќа се чувствувал силен мирис на чад, а локалните власти апелираат на претпазливост и следење на ситуацијата. Се разгледуваат нови методи за спречување на ширењето, вклучително и потенцијални мерки за контрола на инсектите кои се движат низ опожарените и неопожарените подрачја.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.