ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА? Овие намирници НИКАКО не смеете да ги КОНЗУМИРАТЕ!
ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА? Овие намирници НИКАКО не смеете да ги КОНЗУМИРАТЕ!
Она што го јадете може да направи огромна разлика во здравјето на вашата штитна жлезда!

Се почесто се среќаваме со заболувања на штитната жлезда, особено кај младите луѓе, што сериозно ги загрижува лекарите.
Главната причина за оваа сѐ почеста појава често се поврзува со современиот начин на живот, исполнет со стрес и нездрави навики. Сепак, лекарите предупредуваат дека не е единствено стресот оној што води до проблеми со штитната жлезда, туку и начинот на кој се подготвува храната.
Како функционира штитната жлезда?
Штитната жлезда има облик на пеперутка и се наоѓа во предниот дел на вратот, под Адамовата јаболка, долж предниот дел на душникот. Кога е со нормална големина, таа не може да се напипа, но нејзината функција има огромно значење за многу процеси во телото.
Оваа жлезда лачи хормони како што се Т4 (тироксин), Т3 (тријодтиронин) и калцитонин, кои влијаат на метаболизмот, растот, развојот, работата на срцето, сексуалната функција, одржување на бременоста, нивото на гликоза во крвта, телесната температура и метаболизмот на калциумот.
Кога штитната жлезда не функционира како што треба, може да дојде до различни нарушувања, како што се хипотироидизам, хипертироидизам, тироидитис и Хашимото тироидитис. Овие нарушувања не се ретки, а сѐ поголем број луѓе се соочуваат со нив.
Која храна е најопасна за штитната жлезда?
Диететичарката Моли Хембри предупредува дека храната што ја консумираме има значително влијание врз здравјето на штитната жлезда. Една група на намирници посебно треба да се избегнува доколку имате проблем со штитната жлезда, а тоа се намирниците што содржат гоитрогени.
Гоитрогените се супстанции кои ја нарушуваат синтезата на тироидните хормони, особено кога има недостаток на јод.
Овие намирници НИКАКО не смеете да ги КОНЗУМИРАТЕ!
Намирници кои содржат гоитрогени се зеленчуците од семејството крстестови – брокула, карфиол, зелка – како и сојата и просото. Иако овие намирници можат да предизвикаат проблеми, добрата вест е дека не мора целосно да се исфрлат од исхраната, туку можат да се консумираат во умерени количини – но само ако се правилно подготвени. Со загревање на крстестите зеленчуци, како брокула или карфиол, се намалува гоитрогеното дејство, па затоа термичката обработка е клучна.
ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА?
Сепак, просото е намирница која треба целосно да се елиминира од исхраната, бидејќи претставува најголем ризик за штитната жлезда.
Здравјето на штитната жлезда е нешто на што треба да се обрне големо внимание, а правилната исхрана игра клучна улога во превенцијата на болести.
На крајот, она што го јадете може суштински да влијае врз здравјето на вашата штитна жлезда!
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.