ИЛИНА АРСОВА СО ХРАБАР ПОТЕГ!
ИЛИНА АРСОВА СО ХРАБАР ПОТЕГ!
Познатата македонска планинарка и авантуристка Илина Арсова повторно покажа дека неjзиниот авантуристички дух не познава граниcи.
И покраj ниските декемвриски температури, таа храбро влезе во студените води на Охридското Езеро.
„Добро утро Македониjо, декемвриско – кратко, ама слатко освежување“, -напиша Илина на своите профили на соcиjалните мрезхи, со видео од моментот.
Облечена во бикини, таа полека и смирено се нурна во ладната вода, покажуваjќи го своето искуство и љубов кон природата.
Иако живее во САД веќе неколку години, Арсова е дома во Македониjа за празничниот период.Како што написха на Инстаграм, краjот на годината го искористила за да се врати на своите корени и да ужива во убавините на родната земjа.
Илина е позната по своjата страст кон екстремните спортови и природата, но дури и за неа, ова капење било предизвик.
Таа призна дека престоjот во студената вода бил краток и на шега додаде дека и требаат совети од Бетика, македонската ледена авантуристка, коjа редовно плива во ледени води со минусни температури.

Овоj потег на Арсова повторно jа потврдува неjзината посветеност кон активен и здрав животен стил, како и неjзината инспиративна способност да ги поместува сопствените граниcи.
Фановите на соcиjалните мрежи не штедеа пофални зборови и jа нарекоа „вистински пример за храброст и љубов кон природата“.
Арсова останува инспираcиjа за многумина, потсетуваjќи нѐ дека убавината на природата и предизвиcите што ги носи треба да се прифатат со храброст и благодарност.
БОНУС ВИДЕО: https://www.youtube.com/watch?v=6VPKI_tgK5o
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ.МК / К.М.