Игор Стефановски Иџе повторно на победнички лов во Португалија!
Летечкиот Македонец трета трка сезонава во Европскиот шампионат на ридски патеки
Игор Стефановски – Иџе, најтрофејниот македонски автомобилист, овој викенд ќе настапи на третата трка од сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еХC), на познатата и брза патека Рампа Да Фалепра, во близина на португалскиот град Брага.
фото: ФБ Игор Стефановски Иџе
Патеката не му е непозната – Иџе веќе двапати триумфираше таму, а во пресрет на трката истакна дека е подготвен повторно да се искачи на победничкиот подиум.
Иџе сезонава се натпреварува со својот Феррари 488 Б8, специјално подготвен за ваков тип натпреварувања. По двете досегашни трки од шампионатот, тој се наоѓа на третото место во генерален пласман.
Поддржан од својот искусен тим и спонзорите, меѓу кои се истакнува и Видеолотарија Касинос Австрија, Стефановски уште еднаш ќе ја брани македонската чест на европската сцена.
БОНУС ВЕСТ:
Се бара 24-годишниот Фатон Латифи од Куманово – исчезнал во непознат правец!
БОНУС ВИДЕО:
Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Грешка или најслатка пакост? Момче нарачало илјадници лижавчиња преку интернет!(видео)
16-годишно девојче исчезна во Скопје – МВР трага по неа!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!