ИГОР ЏАМБАЗОВ ГИ НАПАДНА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ФАРМАЦЕВСКИТЕ КОМПАНИИ: „УБИJЦИ ВО БЕЛИ МАНТИЛИ!“ (ВИДЕО)!
ИГОР ЏАМБАЗОВ ГИ НАПАДНА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ФАРМАЦЕВСКИТЕ КОМПАНИИ: „УБИJЦИ ВО БЕЛИ МАНТИЛИ!“ (ВИДЕО)!
Македонската јавност деновиве доби уште една потврда дека вештачката интелигенција не само што може да напише книга, да нацрта портрет или да ни го украде работното место, туку веќе почна и да глуми Игор Џамбазов. Буквално.
На социјалните мрежи се појави видео-снимка каде што „Џамбазов“ зборува, делува – ама ништо од тоа не е Игор. Гласот е негов, лицето е негово, но зад сцената стои АИ алатка која, очигледно, преминала од интелигентна во инвазивна.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Правиот Џамбазов, пак, не остана должен. Со својот препознатлив сарказам и директност, на видеото возврати:
„Е не сте нормални… вие што го смисливте ова. Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе! Имате ли ум вие воопшто? Оти мозок немате, евидентно. И да, заборавив. Срам да ви е! И арам!“
А за „шлаг на тортата“, додаде и:
„Башка од авион се гледа дека ‘тепачот’ е @тони.михаjловски – не сте се потрудиле баш. Ни ова не знаете да го направите ко што треба. Бедници…“
Сценариото звучи како епизода од „Театар Комедија“, ама е вистина. Џамбазов не само што мора да се гледа на YоуТубе, сега мора и да проверува дали тоа што го гледа е тој, или некоја копија од матриксот.
И додека некои корисници со смеа го коментираа видеото, други ја отворија посериозната тема – каде завршува хуморот, а каде почнува нарушувањето на дигиталниот интегритет? И згора на сè – дали е време АИ да положи барем математика пред да почне да глуми легенди?
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!